Зошто?
Веруваме дека со овој креативен проект може да овозможиме поддршка на Movember Macedonia. Сите волонтиравме. Тимот е составен од: облека и модни додатоци design & berries и ИринаТошева, шминка Виктор Мирчевски, фотограф Владимир Видановски, модели Бисера и Бојана Илијоски.
Како?
Изработивме интересна фотосесија и производи инспирирани од Movember. Собраните средства од продажбата на производите ќе бидат донирани на Movember Macedonia и movember.com
Како да учествувам?
Во наредните неколку денови следете ги фан страниците на design & berries и ИринаТошева. Ни значи вашата поддршка, споделување и коментари.
Што добивам?
Обезбедени се вредни награди поврзани со машкото здравје.
Како до наградата?
Секоја фотографија ќе има едноставни инструкции. Следете ги ;)
Како да ја подигнам?
Наградите ќе може да се подигнат во Ателјето на Ирина Тошева, со претходно закажан термин на 077 515 352.
Како до мо-производот?
Донаторските производи ќе може да се порачаат од фан страните, да се купат директно во Ателјето на Ирина Тошева и големиот Movember настан на 26ти ноември. Слободно контактирајте не. Количините се ограничени. Побрзајте.
0 comments